"Running Scared" | |||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Сингл на Елдар и Нигар | |||||||||||||||||
Пуштен | март 2011 | ||||||||||||||||
Формат | CD-сингл, дигитално симнување | ||||||||||||||||
Снимен | 2011 | ||||||||||||||||
Жанр | поп | ||||||||||||||||
Должина | 2:59 | ||||||||||||||||
Текстописец/и | Стефан Ерн, Сандра Бјурман, Јејн Фаркухарсон | ||||||||||||||||
| |||||||||||||||||
„Running Scared“ — песна изведена од страна на азербејџанскиот дует Елдар и Нигар, познати и како Ели и Ники. Песната му донела победа на Азербејџан на Евровизија 2011, одржана во Диселдорф, Германија. Во финалето одржано на 14 мај, песната победила со освоен 221 бод откако претходно обезбедила учество преку првото полуфинале на 10 мај. Со тоа, Ели и Ники станале првиот мешан дует кој победил на Евровизија по 1963 година, како и први победници кои настапувале за Азербејџан.
Пред објавувањето на Running Scared, ниту еден од пејачите немале настап во дует. Според Елдар Гасимов, обајцата пејачи на сцената биле несигурни дали еден таков проект ќе биде успешен. Освен тоа, по нивната победа на Евровизија, запрашани во интервју за Daily Mail дали планираат да продолжат да соработуваат во иднина, Нигар Џамал изјавила дека нејзин основен приоритет бил да брка поединечна кариера, иако таа не ја исклучила можноста за повеќе заеднички проекти со Елдар Гасимов.
Running Scared била избрана од околу 70 поднесени песни од Азербејџан и од странство, кои биле прифатени од страна на ТВ Иџтимаи во периодот од четири седмици по 10 јануари. Елдар Гасимов изјавил дека песната била совршена комбинција од различните стилови, гласови и духови на двајцата пејачи.
Автори на песната се Стефан Ерн и Сандра Бјурман од Шведска и Јејн Фаркухарсон од Обединетото Кралство. Ерн и Бјурман исто така биле автори и на песната „Drip Drop“, којашто го претставувала Азербејџан на Евровизија 2010.
Акустичката и ремикс-верзија биле изработени од страна на германскиот ди-џеј Азидо да Бас во втората половина на април 2011.
Running Scared поставила нов рекорд како евровизиски победник со најмал број на освоени бодови, освојувајќи 5,26 бодови по жири-комсија во просек, со тоа соборувајќи го претходниот рекорд во сопственост на песната од Елена Папаризу My Number One којашто победила во 2005 година.
Официјалниот видео-запис за Running Scared бил објавен на 11 април 2011 и бил во режија на Тармо Крим. На записот му претходел друг видео-запис, објавен во март истата година. Крим, кој исто така бил режисер на Евровизија 2002, одржана во неговата матична Естонија, го добил правото да го режира записот откако својот предлог го поднел во февруари 2011.
Видео-записот бил снимен во јужен Крим, прикажувајќи го Ели како прави фотографии од Ники, која се појавува како седи на гребен со лабрадор ретривер и се превезува со жичница. Овие сцени се наизменично прекинати од снимки на Ели и Ники како пеат одвоено и заедно. На крајот, Ели е прикажан како се искачува на гребенот додека Ники нежно гледа кон него, по што обајцата се спојуваат и последниот рефрен го пејат заедно, свртени лице в лице.
Табела | Највисоко место |
---|---|
Австрија (Ö3 Austria Top 75) | 22 |
Белгија (Ultratop 50 Фландрија) | 37 |
Белгија (Ultratip Валонија) | 7 |
Германија (Media Control AG) | 33 |
Ирска (IRMA) | 41 |
Холандија (Мега Сингл Топ 100) | 59 |
Романија (Romanian Top 100) | 99 |
Русија (Digital Chart) | 10 |
Словачка (IFPI) | 50 |
Швајцарија (Media Control AG) | 11 |
UK Singles (The Official Charts Company) | 61 |
Награди и достигнувања | ||
---|---|---|
Претходник „Satellite“ од Лена |
Победници на Евровизија 2011 |
Наследник „Еуфорија“ од Лорин |
Претходник „Drip Drop“ од Сафура |
Азербејџан на Евровизија 2011 |
Наследник „When the Music Dies“ од Сабина Бабаева |