Руд Гулит | ||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Гулит во Доха во 2012 | ||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||
Полно име | Руд Гулит | |||||||||||
Роден на | 1 септември 1962 | |||||||||||
Роден во | Амстердам, Холандија | |||||||||||
Висина | 1.90 м (6 ст 3 ин) | |||||||||||
Позиција | среден ред / напад | |||||||||||
Младинска кариера | ||||||||||||
1967–1975 | ASV Meerboys | |||||||||||
1975–1979 | DWS | |||||||||||
Кариера* | ||||||||||||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) | |||||||||
1979–1982 | ХФЦ Харлем | 91 | (32) | |||||||||
1982–1985 | Фејенорд | 85 | (30) | |||||||||
1985–1987 | ПСВ | 68 | (46) | |||||||||
1987–1993 | Милан | 117 | (35) | |||||||||
1993–1994 | Сампдорија | 31 | (15) | |||||||||
1994 | Милан | 8 | (3) | |||||||||
1994–1995 | Сампдорија | 22 | (9) | |||||||||
1995–1998 | Челси | 49 | (4) | |||||||||
Вкупно | 465 | (175) | ||||||||||
Репрезентација | ||||||||||||
1979 | Холандија U-21 | 4 | (1) | |||||||||
1981–1994 | Холандија | 66 | (17) | |||||||||
Тренер на екипи | ||||||||||||
1996–1998 | Челси (играч-менаџер) | |||||||||||
1998–1999 | Њукасл Јунајтед | |||||||||||
2004–2005 | Фејенорд | |||||||||||
2007–2008 | Лос Анџелес Галакси | |||||||||||
2011 | Терек Грозни | |||||||||||
2017– | Холандија (асистент менаџер) | |||||||||||
Успеси
| ||||||||||||
*Настапи и голови само на првенствени натпревари |
Руд Гулит, OON (холандски изговор: ( слушни); born Rudi Dil; 1 септември 1962 година) е поранешен холандски фудбалер и менаџер кој настапувал во 1980-тите и 1990-тите, како играч од средниот ред или напаѓач. Тој бил капитен на фудбалската репрезентација на Холандија во 1988 година, кога Холандија го освоила УЕФА Еуро 1988 и исто така бил член на тимот од светското првенство во Италија 1990 година и на ЕУРО 1992.
На клупско ниво, во 1987 година се преселил од ПСВ во Милан за надоместок за трансфер во светски фудбалски размери. Лесно препознатлив со неговите карактеристични плетенки, тој бил дел од познатото холандско трио во Милано, во кое биле вклучени Марко ван Бастен и Франк Рајкард. Гулит освоил три титули во Серија А и два Европски Купови на Шампионите со Милан. Во 1996 година, тој потпишал за Челзи, а една година подоцна бил назначен за играч-менаџер на клубот. Во својата дебитантска сезона, тој го предводел Челзи до успехот во ФА Купот, првата голема титула на клубот по 26 години, и со тоа станал првиот странски менаџер кој победил во ФА Купот.
Гулит ја освои Ballon d'Or во 1987 година и бил именуван заСветски фудбалски играч на годината во 1987 и 1989 година. Како, играч од средниот ред и напаѓач, тој бил разноврсен играч, играјќи на бројни позиции за време на неговата кариера. Во 2004 година, тој бил именуван за еден однајпопуларни 125 најдобри фудбалери, како дел од 100-годишнината од ФИФА.