Нова Горица Nova Gorica | ||
---|---|---|
Местоположба во Словенија. | ||
Координати: 45°57′21.2″N 13°38′35.7″E / 45.955889° СГШ; 13.643250° ИГД | ||
Држава | Словенија | |
Традиционален регион | Приморска | |
Статистички регион | Горица | |
Општина | Нова Горица | |
Површина | ||
• Вкупна | 3,5 км2 (1,4 ми2) | |
Надм. вис. | 93,4 м | |
Население (2020) | ||
• Вкупно | 13.031 | |
• Густина | 3,700/км2 (9,600/ми2) | |
Часовен појас | UTC+1 | |
Пошт. бр. | 5000 |
Нова Горица (словенечки: Nova Gorica) — гратче и седиште на истоимената општина во Словенија. Градот има население од 13,031 жители. Градот се наоѓа во западна Словенија, близу границата со Италија. Овој град е нов и бил изграден во 1948 година, после Парискиот мировен договор се основале границите на ФНРЈ, кога градот Горица останал надвор од ФНРЈ, односно во Италија. Месното население градот го нарекува само како Горица и тоа име е на регистарските таблички.
Потеклото на самото име „Горица“ е словенско. Вообичаениот месен поим за градот е „Горица“ (т.е. без претставката „Нова“), додека жителите имаат тенденција да го нарекуваат соседниот италијански град како „Стара Горица“. Оваа употреба се образува и во словенечките регистарски таблички („GO“ за Горица), како и во името на месниот фудбалски клуб НД Горица. Зборот „горица“ е деминутивен облик на словенечката вообичаена именка „гора“. На архаичен словенечки јазик значело и „лозје“. Вообичаен е топоним во Словенија и во други области со словенечки населени места, како и вообичаено во областите кои имаат или историски имале словенско говорно население.
Нова Горица е најмладиот голем град во Словенија, изграден во современиот дух од 1948 година, кога парискиот мировен договор воспоставил нова граница помеѓу Југославија и Италија.
Во Нова Горица се наоѓа на еден од трите национални театри во Словенија. Културната установа Горички музеј е сместена во Кромбершкиот замок во приградската населба Кромберк.
Универзитетот во Нова Горица се наоѓа во предградието Рожна Долина. Гимназијата „Нова Горица“, сместена во средиштето на градот, е едно од најреномираните средни училишта во Словенија.
Во Нова Горица излегува културниот магазин Razpotja (во превод: Раскрсници).
На југ од гратчето се наоѓа ридот Костањевица, дом на црквата во чест на Благовештение на Пресвета Богородица и францискански манастир од 17 век со обилни богатства од минатото. Последните членови на Бурбонците, француското кралско семејство, се закопани во крипта под црквата (самиот Шарл X и членовите на неговото семејство и придружбата, вклучувајќи го и неговиот син Луј Антоан, и неговиот внук Анри д'Артоа, внук на Луј (ниту Луј Антоан ниту Анри никогаш не владееле како кралеви)). Тој избегал од Франција по револуцијата во 1830 година, наоѓајќи засолниште во Горица, и на крајот умрел таму. Таму е погребан и Пјер Луј Жан Касимир де Блакас, бурбонски благородник кој исто така починал во егзил (во 1839 година).
Наспроти ридот Костањевица, северно од гратчето се наоѓа населбата Света Гора која е врв од 682 м што привлекува аџии веќе 450 години. Погледот од таму е исклучителен, а на ведар ден посетителите можат да видат до Истра, Венеција, Доломитите и Камничките и Јулиските Алпи. Врвот на планината е дом на прекрасна базилика, каде што повремено се одржуваат концерти, францискански манастир и музеј на Битките кај Соча.
„Нова Горица“ на Ризницата ? |
|