Лилијан Тирам (роден како Руди Лилијан Тирам-Улиен, на 1 јануари 1972 година во Поент а Питр, Гваделуп) — поранешен фудбалер, играч од одбраната. Тој е најстариот играч кој настапил за француската репрезентација во историјата, и е еден од дваесетте играчи со најмногу настапи во репрезентацијата.
Тој играл во првата лига на Франција, Италија и Шпанија во повеќе од 15 сезони, вклучувајќи десет во Серија А со двата тима Парма и Јувентус со кој вкупно освоил 7 трофеи. Со француската репрезентација, го освоил Светското првенство во 1998 и Европското првенство 2000. Тирам, заедно со Едвин ван дер Сар, го држи рекордот за најмногу настапи на Европското првенство, со 16.
Титули
Клупски
Монако
Парма
Јувентус
Барселона
Репрезентативни
Француска репрезентација
Надворешни врски