Ливадарка | |
---|---|
Едногодишна ливадарка (Poa annua) | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Монокотиледони |
Нерангирано: | Комелиниди |
Ред: | Тревовидни |
Семејство: | Треви |
Потсемејство: | Ливадарки |
Род: | Ливадарка L. |
Видови | |
околу 500 вида; вид. во текстот. |
Ливадарката (науч. Poa) — род од околу 500 вида на треви од умерените појаси од обете полутопки. Родот спаѓа во потсемејството на ливадарките (Pooideae) на семејството на тревите (Poaceae).
Во родот има и едногодишни и повеќегодишни видови. Највеќето се двополови, но има и некои што се еднополови (посебни машки и женски растенија). Растението расте до висина од половина метар до метар, листовите му се тесни, свиени или рамни, а понекогаш четкасти. Основната обвивка е зарамнета, а некаде задебелена, со тап или качулкаст врв и ципеста лигула.
Многу од видовите имаат голема важност на пасиштата како храна за добитокот. Правата ливадарка (Poa pratensis) е најзастапената студеносезонска трева на тревници, спортски терени и игралишта за голф во САД. Едногодишната ливадарка (Poa annua) напати се смета за коров, зависно од околностите.
Според римскиот лекар Гален, корењата од извесни видови на ливадарка се добри за лекување на рани и крварење. Во XVI век ливадарките се користеле како лек за воспаление на бубрезите (нефритис).
Некои видови се популарни градинарски треви во Нов Зеланд.
„Ливадарка“ на Ризницата ? |
|