Лео Есаки | |
---|---|
Роден(а) | 12 март 1925 Осака, Јапонија |
Националност | Јапонец |
Полиња | Применета физика |
Познат по | електронско тунелирање, Есакиева диода |
Поважни награди | Асахиева награда (1959) Стјуарт Балантинов медал (1961) Нобелова награда за физика (1973) Харолд Пендерова награда (1989) IEEE медал на честа (1991) Јапонска награда(1998) |
Реона Есаки (јапонски: 江崎 玲於奈 12 март 1925) исто така познат како Лео Есаки е јапонски физичар кој ја споделил Нобеловата награда за физика во 1973 со Ивар Јевер и Брајан Џозефсон за неговото откритие на феноменот на електронско тунелирање. Познат е по неговиот пронајдок на есакиевата диода која го експлоатирала тој феномен. Ова истражување било изведено со "Tokyo Tsushin Kogyo" (сега познато како Sony). Тој придонел како пионер во полуспроводноста во подредени уредувања на одредени атоми на суперрешетката додека бил во ИБМ.
Бил роден во Осака, Јапонија. Студирал физика во Токискиот универзитет и таму дипломирал во 1947, а докторатот го завршил во 1959. Есаки бил награден со Нобелова награда за истражување кое го спровел окулу 1958 во врска со електронско тунелирање на цврсти материи. Се преселил во САД во 1960 и се придружил на ИБМ Томас Џ. Вотсоновиот истражен центар, каде што станал соработник со ИБМ во 1967. Неговата прва книга за полуспроводничката суперрешетка била објавена додека бил со ИБМ. Коментар од Есаки во 1987 број на тековна содржина во врска со оригиналната книга за суперрешетките гласи:
Последователно, тој бил претседател на бројни јапонски универзитети, како што се Цукубискиот универзитет и Шибаурскиот институт за технологија. Од 2006 тој е претседател на Јокохамскиот аптекарски колеџ. Есаки исто така е добитник на Поредокот на културата (1974) и Поредокот на изгрејсонцето (1998).
|