Арморски Брегови Côtes-d'Armor Aodoù-an-Arvor | |||
---|---|---|---|
Департман | |||
Зградата на департманскиот совет и префектурата во Сен Брие | |||
Местоположба на Арморските Брегово во Франција | |||
Држава | Франција | ||
Регион | Бретања | ||
Префектура | Сен Брие | ||
Потпрефектура | Динан Генган Лањон | ||
Управа | |||
• Претседател на департманскиот совет | Ален Кадек (LR) | ||
Површина1 | |||
• Вкупна | 6.878 км2 (2,656 ми2) | ||
Население (2016) | |||
• Вкупно | 598.953 | ||
• Ранг | 43rd | ||
• Густина | 87/км2 (230/ми2) | ||
Час. појас | СЕВ (UTC+1) | ||
• Лете (ЛСВ) | СЕЛВ (UTC+2) | ||
Број на департманот | 22 | ||
Арондисмани | 4 | ||
Кантони | 27 | ||
Општини | 348 | ||
^1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 km2 и речни устија. |
Арморски Брегови (француски: Côtes-d'Armor; бретонски: Aodoù-an-Arvor), порано познат како Северни Брегови (Côtes-du-Nord; бретонски: Aodoù-an-Hanternoz), е департман на север од Бретања, во северозападна Франција.
Година | Нас. | ±% |
---|---|---|
1801 | 504.303 | — |
1821 | 552.424 | +9.5% |
1831 | 598.872 | +8.4% |
1841 | 607.572 | +1.5% |
1851 | 632.613 | +4.1% |
1861 | 628.676 | −0.6% |
1876 | 630.957 | +0.4% |
1881 | 627.585 | −0.5% |
1891 | 618.652 | −1.4% |
1901 | 609.349 | −1.5% |
1921 | 557.824 | −8.5% |
1936 | 532.000 | −4.6% |
1946 | 526.955 | −0.9% |
1954 | 503.178 | −4.5% |
1962 | 501.923 | −0.2% |
1968 | 506.000 | +0.8% |
1975 | 525.556 | +3.9% |
1982 | 538.860 | +2.5% |
1990 | 538.443 | −0.1% |
1999 | 542.398 | +0.7% |
2006 | 569.498 | +5.0% |
2016 | 598.953 | +5.2% |
Северните Брегови бил еден од првичните 83 департмани создадени на 4 март 1790 година по Француската револуција. Составен е од речиси целата древна Пеи де Сен Брие, повеќето од историскиот Трегор, источната половина на Корнуај и северозападниот дел на поранешната епархија Сен-Мало.
Во 1990 година името беше сменето во Арморски Брегови (Côtes-d'Armor): францускиот збор côtes значи „брегови“, а ar mor е „море“ на бретонски. Името потсетува и на римската провинција Арморика („крајбрежен регион“).
Армориски Брегови се дел од сегашниот административен регион Бретања и се граничи со департманите Ил-е-Вилен на исток, Морбијан на југ, Финистер на запад и со Ламанш на север.
Жителите на департманот на француски се познати како Костармориканци (Costarmoricains).
Долгата традиција на антиклерикализмот на Арморските Брегови, особено во внатрешноста околу Генган (поранешно комунистичко упориште), честопати водело до тоа департманот да се гледа како област на левичарска исклучителност во инаку силно клерикалната и десничарска Бретања. Актуелниот претседател на департманскиот совет, Ален Кадек, сепак е член на десноцентристичката партија, Републиканци.
Партиски групи | седишта |
---|---|
Центар и деснорепубликанци | 32 |
Социјалисти и републиканци | 15 |
Комунисти и републиканци | 5 |
непартиски | 2 |
Западниот дел на департманот е дел од „Долна Бретања“ (бретонски: Breizh-Izel). Границата тече од Плуа до Мир-де-Бретањ. Бретонскиот јазик станал битно прашање во многу делови на Бретања, и многу бретонски говорници се залагаат за двојазични училишта. Јазикот гало се зборува на исток на департманот и се нуди како јазик во училиштата и на матурските испити.
„Арморски Брегови“ на Ризницата ? |